Ракометарите на Охрид го совладаа се уште актуелниот првак на Македонија Еурофарм Пелистер во Битола 26:27, полувреме 13:11.
Ова е голема победа за избраниците на Борис Ројевиќ, втора оваа сезона во првенството, а Охрид го совлада Еурофарм Пелистер и во финалето од турнирот „Крсте Андоновски“.
Јунак на охриѓани беше словенечкиот интернационалец Тилен Стрмљан кој го постигна победеносниот гол и имаше одлична статистика 5 гола од 5 обиди.
Статистика ГРК Охрид: Пилиповиќ (7 одбрани), Блажески, Стрмљан 5 од 5, Ојлески 1, Јагуриноски 4 од 4, Иванковиќ 2, Кукуловски, Ристески, Тасески, Реј Моралес 1, Савревски 1, Петриќ 2, Лиапис 2, Ѓукиќ 3, Ќосевски 4, Прибетиќ 2.
Со овој триумф Охрид изби на 2 место на табелата со 42 бода колку што има и Пелистер, следи Алкалоид со 40. Лидер е Вардар со 50 бода.
Фото галерија:
Голема победа на ГРК Охрид во Битола, шампионот Е. Пелистер повторно на колена
Г.М.
Фото: А. Момироска












































