Ракометарките на охридската екипа „Моби Дик“ кои се натпреваруваат во пионерска конкуренција остварија голема победа против екипата на ЖРК „Вардар“ ( 17:14).


„Китовите“ во текот на целиот натпревар имаа водство, а финалниот резултат на семафорот беше 17:14 во корист на домашната екипа.


Со оваа победа, охридските ракометарки значително ги зголемија шансите за учество во завршниот Фајнлфор турнир на кој ќе се одлучи шампионот на Македонија.


„Китовите“ со победата се зацврстија во горниот дел од табелата и го делат второто место заедно со екипата на „Стружанка“.


Следниот викенд „китовите“ имаат тешко гостување во Скопје против екипата на Чаир.

Ohridnews