Атлетик Национал кој требаше да биде ривал на Чапекоенсе во финалето од Копа Судамерика направи потег за почит, откако преку соопштение побара титулата без играње да му се додели на клубот кој доживеа тешка трагедија.


Авионот во кој се превезуваа фудбалерите и целиот стручен штаб се сруши во Колумбија неколку миниту пред слетувањето. Падот на авионот го преживеа само пет патници, а останатите 76 вклучувајќи го и екипажот ги загубија животите.

Првиот меч требаше да се одигра в среда, а реваншот на 7 декември, но поради новонастаната ситуација финалето се одложи, а Атлетик Национал се откажа од титула и побара да му се додели на несреќниот клуб.

Инаку, бурно со песна фудбалерите на Чапекоенсе го прославија влезот во финалето, а тренерот после пласманот изјави: „И утре да умрам, знам дека ќе бидам среќен“.

OhridNews