Полицијата синоќа спроведе голема полициска акција на повеќе локации низ Скопје. Меѓу локациите на кои се одвиваше операцијата се селото Арачиново, но и на неколку места во Сингeлиќ и на Бит Пазар. Неофицијалните информации говорат дека приведени се неколку лица.
Од МВР не откриваат детали околу акцијата. Најавија информации во текот на денот.