Во Скопје во тек е голема полициска акција во која се приведени повеќе лица осомничени за кражбата на вредни артефакти од Музејот на Македонија.

Mеѓу осомничените, како што објави порталот „Прес 24“ е и поранешниот директор на Дирекцијата за заштита на културно наследство Паско Кузман. Тој веќе е во куќен притвор за дело поврзано со случајот Фаланга. Осомничени во случајот се и раководни лица во Музејот на Македонија.

Истрагата утврдила дека од Музејот на Македонија недостигаат 166 вредни артефакти.