
Како што информираше потпаролот на охридската полиција Стефан Димоски во потрагата се вклучени полициски службеници од Охрид, Струга и Кичево, како и роднини на исчезнатото девојче и дел од месното население на општината.
-Ваква акција СВР Охрид реализираше и неодамна во атарот на селата Песочан и Црвена Вода, а на барање на Охридската полиција Министерството за внатрешни работи распиша и меѓународна потерница по исчезнатото девојче, изјави Димоски.
Ова е втор пат девојчето да го напушти својот дом. Претходно тоа беше пријавено за исчезнато на почетокот на ноември годинава. Тогаш беше пронајдено во Скопје и со придружба на еден родител беше вретено дома.
OhridNews











