Организатор на манифестацијата беше Месната заедница од Куратица, која програмата дополнително ја збогати со гостувањето на македонската музичка ѕвезда Благоја Гурјовски, кој допринесе за убавата забава која траеше до раните утрински часови.

– Ваквите средби претставуваат идеална можност за сите кои поради низа причини ја напуштиле Куратица и заминале за подобро утре да живеат надвор од нашите граници, да дојдат повторно овојпат со голем повод во овие летни вечери на едно заедничко видување и незаборавна средба која ретко кога би можела да се повтори, истакнуваат од страна на МЗ Куратица и додаваат дека децениската традиција ќе продолжи и понатака во наредните години.
Годинава Курајчките средби беа едни од најпосетените и најдобро организирани.
Во наредниот период во Куратица предвидени се уште неколку настани, меѓу кои прославата на јубилејот 35 активно натпреварување на фудбалскиот клуб Рудар кој ќе се оддржи наредниот викенд, како и на најавуваниот фестивал Звездени огнови, алтернативен фестивал со познати ди џеи на планинскиот масив Мазатар.
Како заокружување на августовските празнувања ќе биде и традиционалната прослава на македонскиот православен верски празник „Света Богородица“ во истоимената црква во Куратица.












