Организаторите задоволни од одзивот на мештаните и бројните гости кои престојуваат во Трпејца.
– Секојдневно има голема посетеност на активностите во рамки на манифестацијата. Гостите изјавуваат дека ова е вистинско освежување и промена на нивниот одмор, а повеќето од нив бараат во иднина таа да биде продолжена со дополнителни активности и да трае подолго, велат од здружението „За трпејца со љубов“, кои се иницијатори и организатори на манифестацијата.
Според програмата, утре, е предвидена мини регата на кајакарскиот клуб- Трпејца, а во петок концерт ќе одржат младите таленти од Основното училиште „Методи Патче“.
„На зајдисонце во Трпејца“ завршува во сабота со доделување на признанија на учесниците.
Организатор на манифестацијата е Здружението за промоција и развој „За Трпејца со љубов“, со поддршка од Месната заедница и Црковниот одбор. Генерален спонзор е општина Охрид, а спонзори се десеттина фирми.