Големата љубов на охриѓанката и поранешна македонска репрезентативка во кошарка, Ема Решкоска и Американскиот рагби играч, Арон Теди Браун, беше крунисана со брак во Охрид и семејна веселба во Хотелот Инекс. Ема во разговор со OhridNews раскажа за почетоците на врската и за тоа како Арон со една реченица која не сакала да ја слушне и го свртел вниманието.

– Се сретнавме во барот во склоп на спортскиот центар во кој сите спортисти одат после тренинзите. На првата нашата средба во барот ми рече „Леле, еј колку си висока“, а тоа се уште мене ми е одѕвонува во главата, бидејќи безброј пати сум го слушнала од други. После нашето запознавање, патиштата ни се раздвоија. Тој замина во Вашингтон, а јас останав во Вирџинија, но продолживме да комуницираме и се роди љубов, која ја крунисавме со брак. – изјави на почетокот Решкоска- Браун.

Идејата за венчавка во Охрид била на Ема, а поддржана од Арон кој посакувал да го види градот од кој потекнува нејзината сопруга.

– Охрид како град за венчавка и за свадба го одбрав првично поради мојот сопруг, кој сакаше да види од каде потекнувам и поради мојата фамилија која ќе поминеше долг пат за да присуствува на нашата забава. Сопругот и гостите од САД беа фасцинирани од градот и неговите убавини. Пловевме со брод со модерните чамци и тоа беше вистинско доживување за гостите кои привлекоа големо внимание. 

Најсилен впечаток кај Арон и гостите од САД оставил топлиот менталитет кај охриѓани и добрата и вкусна храна.

– Најмногу пофални зборови добивав за менталитетот на луѓето, особено кога јас ќе прозборев охридски. Исто така им се допадна и храната и начинот на кој ние се храниме и живееме. – рече Ема.

Батериите за следните предизвици сега веќе фамилијата Браун ги наполнијасо одмор, а ќе продолжат да работат и творат во САД. – Искрено, не се гледам во Охрид, затоа што знам низ се` што сум поминала и не сакам да се враќам пак. САД како земја нуди поголема можност за успех и таму ќе бидиме со мојот сопруг. – заврши Ема.

За прекрасните фотографии и за видеото од свадбата се погрижи фото студиото „Love and Life“ на познатиот фотограф Емил Јовановиќ.

Михаил Постоловски