Она што сега за Манчестер Јунајтед преставува Маркус Рашфорд во 2008 година беше Федерико Македа кој имаше голем удел во тогашната освоена титула во Премиер лигата.
Италијанскиот интернационалец на своето деби со Астон Вила влезе од клупата и во судиското продолжение донесе победа, која на крајот се покажа како клучна во борбата со Ливерпул за титулата.
Кариерата покрај добриот почеток не се разви во посакуваниот правец за Македа. Тој не успеа да се наметне на Олд Трафорд, а сезоните ги минуваше како позајмен фудбалер во Италија, Англија и Германија.
Пред почетокот на новата сезона 25-годишниот фудбалер го допре дното, откако никој клуб од неколкуте со кои преговараше не се одлучи да го ангажира.
Како негови следни дестинации се споменуваа Палермо и Пескара, но талентираниот фудбалер остана без ангажман и на крстопат во својата кариера.
Италијанските медиуми пишуваат дека тој дури планира да ја заврши кариерата која имаше фантастичен почеток на местото каде многу соништа се претвориле во реалност.
OhridNews