Украинскиот фудбалер Јевген Конопљанка (25) од Дњипро ќе се пресели во редовите на Севилја. Конопљанка за кого голем интерес покажуваа Ливерпул, Атлетико Мадрид и Тотенхем, во петокот пристигнал на медицински прегледи во Севилја.

Крилниот напаѓач минатат сезона постигна осум голови во украинското првенство и беше еден од клучните играчи на Дњипро на патот до финалето во Лига Европа, каде Украинците по голема борба со 3:2 загубија токму од Севилја.

Конопљанка кој во изминатите девет сезони играше во Дњипро, ќе би четвртото засилување на Севилја во преодниот рок, претходно договори со екипата од Андалузија потпишаа Адил Рами, Михаел Крон-Дели и Гаел Калкута.

„Макфакс“