Германскиот шампион Баерн Минхен по завршувањето на сезоната ќе претрпе измени на тренерската позиција, а по се изгледа и играчки.
На излезна врата од Алијанц арената се голгетерот Роберт Левандовски и холандскиот репрезентативец Арјен Робен, а се споменува и дефанзивецот Менди Бенатија.
Полјакот би преминал во Реал Мадрид за сума од 50 милиони евра, а во правец на Шпанија или Англија ќе замине и Бенатија додека за Робен за сега се интересира Манчестер Јунајтед.
Парите од овие трансфери управата на „баварците“ ќе ги искористат за доведување на германскиот репрезентативец Марко Ројс и напаѓачот на Наполи, Гонзало Игуаин.
Ако овие трансфери се реализираат италијанскиот стратег Карло Анчелоти кој ќе го наследи Пеп Гвардиола на клупата ќе има полни раце работа во текот на летото да го воигра тимот.
OhridNews











