Екипи на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец” од рано утрово на терен ги расчистуваат големите количини смет кој беше направен во доцните часови.
Поради зголемениот број туристи, особно во летниот период активностите за одржување на јавната чистота и хигиена се зголемени како во однос на ангажирање на работници така и во однос на активирање на возила и опрема, велат од претпијатието.
Зголемен е бројот на вработени кои извршуваат работни задачи во три смени, секојдневно се врши празнење на сите корпи за отпадоци од јавни површини, а зголемена е динамиката на празнење на контејнери со цела можна работна сила и расположлива механизација. Со оглед на тоа што во овој период е констатирана поголема гужва, поставени се поголем број контејнери и корпи за отпадоци посебно во централното градско подрачје и по езерскиот кеј, информираат.

Зголемувањето на активностите на јавното претпријатие се однесува и на плажите кои секојдневно се чистат на потегот од Сараиште до хотел Далјан, како и од пристанишето по источната ривиера. Поставени се поголем број канти за отпад, ангажирани се лица кои во раните утрински часови го собираат комуналниот отпад од плажите. На најпосетените плажи воведена е работа во две смени за да се обезбеди чистотата на потребното ниво како што доликува на нашиот град, потенцираат од јавното претпријатие.
По забавите до доцните часови грда слика во утринските часови
Од ЈП „Охридски Комуналец“ апелираат за подостоинствено однесување во користењето на јавните површини.
Н.С.Ј.














