Вработени во јавното претпријатие „Охридски Комуналец” во договор со Хидробиолошкиот завод извршија чистење на делот кај трската на Мазија, пред хотел „Милениум” каде што е засаден локвањот.
Од крајбрежниот појас со вили и гребла се отстрануваа големите количини цврст отпад, кој од длабинскиот дел се отстрануваше со помош на чамец. По барање на Хидробиолошкиот завод, во наредните денови е предвидено да се отстрани и трската која е откорната по природен пат.
За ниската еколошка свест на поединци и големите количини цврст отпад кои беа фрлени во обновеното живеалиште на локвањот пишеше и OhridNews, повикувајќи ваквите лоши навики на граѓаните конечно да се променат.
OhridNews














