Вкупно 160 вреќи ПЕТ отпад и 10 вреќи хартија беа подигнати во рамки на еколошката акција „Генералка викенд“ која се одржа во саботата во Охрид информираат од Општина Охрид.
Во теренските активности беше опфатен потегот од плажата „Горица“ до месноста „Свети Стефан“, потегот од Билјанини Извори до хотел „Парк“ и дворните места на училиштата.
Акцијата беше организирана со цел подигнување на еколошката свест за одговорност кон природата и за секои 10 кг собран отпад да се засади по едно дрво.
Истата беше реализирана од страна на Општина Охрид и ЈП „Охридски Комуналец“ со поддршка на здружението „Брег на младоста“, компанијата „Костал“ и учениците од сите општински училишта.
Еколошката акција, пак, беше во организација на „Мен енд маунтен“ со поддршка на Пивара Скопје, Пакомак и Министерството за животна средина.
OhridNews















