Големи попусти и промоции на светски познати брендови во „Кармен Бауцентар“ – Охрид на 19 и 20 мај.
Нашиот долгогодишен успех се темели првенствено на амбициозниот и едуциран тим, а потоа и на лојалноста на нашите купувачи велат од велат од „Кармен Бауцентар“ – Охрид потенцирајќи дека како одговор на тоа секоја година организираат настан, поддржан од нивните силни брендови, на кој организираат презентации и промоции проследени со големи попусти и бројни други изненадувања.
Овој настан може да се искористи за стручно да одговориме на сите прашања од нашите купувачи, да се дознаат предностите од инвестирањето во модерното градежништво, а покрај тоа попустите како главни диструбутери на нашите брендови се изненадувачки високи. Покрај тоа оваа година имаме бесплатни пијалоци како и скара за сите наши купувачи, додаваат од „Кармен Бауцентар“ – Охрид.
На настанот, како што информираат, учество ке земат бројни брендови кои се застапени кај нив, меѓу нив BEKAMEN, KNAUF, MARAZZI, DeWALT, BOSCH, GRAPHITE, SWISS KRONO, а ќе има и специјални попусти на гарден програмата- перачи под висок притисок, црева за наводнување како и ексклузивен мебел за градина.
BEKAMENT, фасадните системи од BEKATHERM програмата каде ќе бидат преставени предностите од убедливо најпродаваниот фасаден систем во Охрид како и во Р. Македонија, KNAUF – системите за сува градба со стручна презентација пред нашите професионални Knauf – монтери, MARAZZI – Италијанскиот бренд за плочки, каде со гордост може да кажеме дека во нашиот “Showroom” во Охрид може да ги видите и набавите најновите дизајни на плочки кои истовремено се новитети во официјалниот “Marazzi Showroom” во Милано, Италија, DeWALT, BOSCH, GRAPHITE – првенствено професионален а потоа и алат за секојдневна употреба во домаќинството каде ќе бидат преставени последните новитети од овогодинешниот саем за градежништво и алат во Минхен, Германија, SWISS KRONO – германскиот бренд за ламинатни подови, со убедливо најдобри цени кои започнуваат од 299 денари за метар квадратен, потенцираат.
„Кармен Бауцентар“, како лидер во модерното градежништво не само на локално ниво, туку на ниво на целата држава, како компанија чекори рамо до рамо со светски докажани компании во секторот градежништво, што може да се потврди со ексклузивното застапништво на реномирани брендови од повеќе гранки поврзани со оваа дејност.
OhridNews