Викендов што измина се одржа манифестацијата „Ноември – месец на науката 2017“ за седмо, осмо и деветто одделение. На настанот помеѓу учениците од целата држава зедоа учество и ученици од Основното Училиште „Христо Узунов“ од Охрид.

Со свои проекти од областа на физиката, под менторство на наставничката Вера Зороска, се претставија дури 17 ученици и тоа: Надица Велјаноска, Мартин Ѓоргиев, Марија Јовева, Ивана Грданова, Евгенија Стојановска и Ивана Пројческа, од 9 оддоление. Никола Гогов, Петар Гогов, Климент Дукоски, Маја Наумоска, Емилија Секулоска, Петар Бошалески, Андреј Толески, Елена Блажеска, Андреј Ангелоски, Антонела Новеска и Јана Ангелоска од 8 одд.

Секој експеримент беше од различна област,внимателно избран,изведен и објаснат. Најголема среќа да бидат наградени имаа учениците: Климент Дукоски, Антонела Новеска, Андреј Ангелоски и Ивана Грданова со трета награда, Елена Блажеска и Надица Велјаноска – втора награда и Маја Наумоска со прва награда. 

Со награди од области на биологијата се закитија учениците Борче Исакоски(7 одд.)-втора награда, ментор Владо Андрески и Михаил Жупан (9 одд.)-прва награда, ментор Лиле Белева. Најважно од се е тоа што учениците уживаа во подготовките и презентацијата на проектите, во дружењето и новите познанства.

OhridNews