Таму каде што застанаа во 2016 година водечките рекети на АТП листата, Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ продолжија во новата 2017 година.

На теренот се големи ривали, но надвор него се уште поголеми пријатели. Двајцата тенисери заедно тренираа во Доха каде што учествуваат на турнирот кој традиционално се одржува на стартот од годината.

На социјалните мрежи фотографија постави Ѓоковиќ и напиша „Добар тренинг и загревање со Мареј денеска“


Мареј и Ѓоковиќ со три победи без изгубен сет се пласираа во 1/2 финалето, а според резултатите се очекува нивна пресметка за трофејот во финалето.

OhridNews