Големи се амбициите на охридскиот состав во Супер лигата
19.09.14 11:27
Охридскиот ракометен клуб сезонава во Супер лигата ја започнува со големи амбиции, а тие се пласман на една од првите четири позиции на табелата што води во разигрувањето за титулата.
– Минатата сезона во ова време зборувавме за опстанок во Супер лигата, а еве сега не ни размислуваме на таа тема. Со новите пет засилувања направивме конкуретна екипа која се надевам дека ќе функционира беспрекорно. Со пласманот на позициите кои водат во плеј офот во Охрид би ги закажале дуели Металург и Вардар што ќе биде празник на ракометот – потенцираше Андоновски.
Охрид сезоната ја започнува со нови пет ракометари, а од минатата сезона во стројот ги нема Никола Мирков и Ристе „Меци“ Китевски.
– Направивме тим составен од ракометари кои доаѓаат од нашата земја. Кодот во екипата го задржавме бидејќи пак во составот доминираат играчи од Охрид и Струга – додаде Андоновски.
В сабота во 18 часот во Прилеп против истоимената екипа охридските ракометари ќе ја имаат премиерата во новата суперлигашка сезона.
Стефаноски попладнево пристигна на Градското пристаниште во Охрид, откако ја исплива предвидената делница од Градиште На целта беше пречекан од граѓани и поддржувачи на иницијативата, како и од пре...
Утре, 15-ти август, со почеток од 17 часот, Охридското Езеро повторно ќе биде местото каде што брзината, тимската координација и креативноста ќе се спојат во една поинаква трка … со педалинки...
Охридските стрелци со одлични резултати на меѓународниот турнир „Илинден 2026“ кој се одржа на стрелиштето Бејбунар во Охрид во организација на СК „Охрид“, а под покровителство на општина Охрид и М...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.