Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, во западните делови променливо облачно со умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 12 степени Целзиусови, информираат од УХМР Македонија.
Сончево и значително потопло ќе биде во вторник и среда, каде максималната температура на места ќе се искачи до 22 степени. Но во четврток се очекува дестабилизација на времето. Ќе биде променливо облачно и постудено, попладне со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките места и планините со повремен снег. Ќе дува повремено и засилен северозападен ветер. Минималната температура нема да биде пониска од 2 степени, а максималната ќе се движи во интервал од 9-17 степени.
OhridNews