Со свечена академија што се одржа деновиве во катедралната црква Св. Софија, најстарата научна установа во Македонија – Хидробиолошкиот завод Охрид, одбележа девет децении постоење.

Моменти од свечената академија по повод 90 години Хидробиолошки завод Охрид. Фото: А. Момироска I OhridNews

На свеченоста присуствуваа високи гости, меѓу кои претседателката на државата, министри, градоначалници, претставници на дипломатскиот кор, на високообразовни и научни установи, гости од странство, како и сегашни и поранешни вработени во заводот.

Хидробиолошкиот завод е првата линија на одбрана во борбата против исчезнувањето на видовите, загадувањето на водите и климатските промени, беше речено на свечената академија.

Посакувам пастрмката да опстане во Охридското Езеро, Преспа да продолжи да биде дом на ретките птици, Дојран да го сочува рибарскиот дух, а вашиот Хидробиолошки завод да слави и по следните 90 години, порача претседателката. Таа укажа на неопходноста од зголемување на поддршката за Заводот, преку дополнителни инвестиции во опрема и кадровско доекипирање, бидејќи човечките ресурси се најсилниот капитал на институцијата.

Организаторот со плакети и благодарници им се заблагодари на сите што придонеле за растот и развојот на установата, за поддршката и негова промоција.

Академијата беше можност да се сретнат генерациите вработени во Хидробиолошкиот завод, а останатите преку видео и фото ретроспектива да се запознаат со значењето на оваа исклучително важна научната установа.

Фото галерија: 

Големиот јубилеј на Хидробиолошкиот завод Охрид низ фотографии

Фото: А. Момироска