Големиот борец и вљубеник во спортот Јане Велкоски им прати емотивна порака на сите охриѓани кои масовно се организираат за спортскиот хуманатирен настан кој ќе се одржи в недела со почеток во 11 часот и 30 минути во спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“.

Велкоски во видео пораката им се заблагодари на сите за охриѓани за поддршката, им порача да се борат за своите права и должности и ги покани да дојдат во недела на една партија фудбал и ракомет.

8-годишното момче боледува од спинална мускулна атрофија и е дел од програмата на УЕФА-еднаква игра за сите која е поддржана од Пол Погба, Луис Фиго, Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

OhridNews

11 години OhridNews – Рефлексија на успехот