Големиот победник на и вон теренот Ерик Абидал се повлекува од фудбалот. Toj кариеата ќе ја заврши во грчкиот Олимпијакос.
35-годишниот фудбалер водеше жестока борба на теренот, но имаше една надвор од него што значеше живот и таа ја доби.
Низ кариерата настапуваше за Монако, Лил, Олимпик Лион, а ѕвездените моменти ги доживеа во дресот на Барселона освојувајќи две титули во ЛШ и четири во Примера.
– Ја завршувам кариерата во Олимпијакос и тоа поради лични причини. Секој голем играч знае да рече доста во вистинскиот момент за мене тој дојде сега. Јас се повлекувам од фудбалот – рече Абидал.
Веднаш по одлуката за повлекување од активниот фудбал клубот од Ноу Камп му понуди можност на Французинот да работи во прочуената фудбалска школа „Ла масија“.
Абидал одигра 67 натпревари за Франција, а последен пат боите на „триколорите“ ги бранеше 2013 година против Украина.
Мх.П.