Заради неповолните временски услови кои го зафатија охридскиот регион во изминатите неколку денови, проследени со силен ветар и големи бранови, на кејот се наталожија големи количини отпад.

Неопходна беше интервенција од страна на екипите при ЈП „Охридски комуналец“ кои беа вонредно ангажирани во расчистувањето  , при што беа подигнати 15 метри кубни најразличен отпад.

OhridNews