Големите пријатели, Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ ќе бидат лути ривали во финалето на мастерс турнирот во главниот град на Катар, Доха.


Најдобриот тенисер во светот, Мареј во полуфиналето без изгубен сет (6-3, 6-4) го совлада Томаш Бердих, додека Ѓоковиќ со 2-1 во сетови (4-6, 6-7, 3-6) славеше против Вердаско.

Иначе, двајцата тенисери се големи пријатели, и пред полуфиналните пресметки во Доха заедно одработија тренинг.

Во досегашните 35 дуели, Ѓоковиќ е поуспешен со вкупно 24 победи.

Големи ривали на теренот, уште поголеми пријатели надвор од него

OhridNews