Во рамките на шестото коло од Втората македонска фудбалска лига, лидерот Охрид Лихнидос гостува кај второпласираниот Пелистер во големото дерби за врвот на табелата.
Наместо на стадионот „Петар Милошевски“, поради работи на одржување на тревникот, натпреварот ќе се одигра во Новаци со почеток во 15:45ч.
Охрид моментално е лидер со 12 бодови, додека Пелистер има 11, што значи дека двете екипи ги дели само еден бод. Токму затоа, саботниот дуел носи големо значење во борбата за врвот и се очекува интересен и неизвесен натпревар.
Главен судија на дуелот ќе биде Пилешков, додека негови помошници ќе бидат Џонов и Ѓоргиев.
Останати натпревари:
Камењане – Детонит Плачковица
Кожуф – Новаци 2005
Тетекс 1953 – Осогово
Еуромилк ГЛ – Беласица
АП Брера – Шкупи 1927
Македонија ЃП 1932 – Работнички
Табела
1. Охрид Лихнидос – 12
2. Пелистер – 11
3. АП Брера – 10
4. Беласица – 9
5. Детонит Плачковица – 7
6. Камењане – 7
7. Македонија ЃП 1932 – 7
8. Кожуф – 7
9. Работнички – 6
10. Тетекс 1953 – 5
11. Новаци 2005 – 4
12. Еуромилк ГЛ – 3
13. Осогово – 1
14. 1927 – 0
OhridNews












