Дрво високо околу триесет метри во непосредна близина на ЈП Водовод, се откорнало и паднало во правец на ресторанот Билјанини извори.

Се се’ случи во миг, неочекувано. Наеднаш слушнавме силен удар, а дрвото падна на само неколку метри од луѓе кои поминуваа тука, туристи од соседството. Беше страшно. Избегната е трагедија. – вели нашиот соговорник.
Дрвото се откорнало од корен и паднало, најверојатно како последица на обилните дождови кои се сливаат од планината Галичица кон Билјанини извори. При падот оштетен е инвентар од ресторанот.
Дрво падна кај Билјанини извори, избегната трагедија
OhridNews









