Дека влијанието на климатските промени допрва ќе го чувствуваме покажува и несекојдневната олуја која ја зафатила Колумбија и на улиците на Богота истурила огромни количини на лед. Невремето почнало одненадеж па многумина останале заробени под мразот во автомобилите.

Во најсилното невреме кое воопшто ја погодило Колумбија, оштетени се и поплавени улици и згради. Во метар и пол висина вода и лед останале заробени 30 автомобили на една од најзначајните улици во градот. Спасувачките служби со  максимални напори  се обидуваа од автомобилите „оковани“ со лед ги извлечат луѓето што се заробени внатре.

Мораме да евакуираме најмалку 30 автомобили. Веруваме дека во нив има барем стотина луѓе“ вели Херни Торес, припадник на цивилната служба за спасување. Дваесетина луѓе се испратени во болница поради хипотермија. Во целиот град автомобилите останале затрупани во големи количини лед. Спасувачките служби стравуваат за животите на луѓето  кои се сеуште заробени во возилата.

Ј.М