Црвен крст Охрид e добитник на признанието што го доделува Црвен Крст на град Скопје за остварени најдобри резултати во акцијата Проект Хумани Вредности, во која млади волонтери помагаат на ранлива категорија граѓани.

Признанието на охридскиот Црвен крст ќе му биде врачено на свеченост што ќе се одржи на 7-ми јули во големата сала во Општина Охрид во 12:00 часот.

Оваа година Младите на Црвен крст Охрид изработија 8 мали проекти, а 4 од нив во конкуренција на 115 проекти на ниво на националното друштво, беа оценети меѓу најдобрите.

Проектот за хумани вредности е домашен производ создаден во склад со локалните обичи и културни норми. Инициран е во 1996 година од страна на Норвешки Црвен крст а подготвен од страна на Меѓународниот комитет на Црвен крст во соработка со Црвен крст на Р. Македонија и Министерството за образование и наука.

OhridNews