Екипата на Монако предводена од француската легенда Тиери Анри покрај аут линијата во името на Цеск Фабрегас доби ултра засилување за втората полусезона во Првата лига во Франција.

Шпанскиот фудбалер на тимот му се приклучи како слободен фудбалер, откако му заврши договорот со англискиотпремиерлигаш Челси. Фабрегас не сакаше да го продолжи договорот со „сините“, а во редовите на Монако најде нов предизвик.

„Кнезовите“ во првата полусезона не наликуваа на себе завршувајќи на претпоследната позиција на табелата со загрозен статус на прволигаш во Франција.

OhridNews