Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Аубамејанг после седум одиграни рунди во Бундес лигата со девет голови е втор стрелец позади водечкиот Роберт Левандовски кој има десет погодоци.
Пет од десетте голови Левандовски постигна во неверојатниот натпревар со Мајнц на Алијанц Арената, a Аубамејнг мрежата на противникот ја погодуваше во сите седум натпревари.
Тој со својот учинок го засени Левандовски и уште многу голгетери кои продефелирале во Бундес лигата изминативе години.
Кога на сето ова ќе се додадат и двата натпревари од минатата сезона кога Габонецот постигнуваше голови тој доаѓа до бројката од девет натпревари.
„Милионерите“ пред почетокот на сезоната го продолжија договорот со Аубамејнг до 2020 година и навивачите за ефикасноста на екипата не треба да се загрижуваат.
Ohridnews











