Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков комплетно го одбележа натпреварот помеѓу Веспрем и Ференцварош кој заврши во корист на домаќините (29-25).

Манасков кој игра на левата бековска позиција голгетерски експлодираше постигнувајќи дури 16 погодоци. Со кошаркарскиот учинок на постигнати погодоци Манасков стигна до јубилејни 400 голови во дресот на Веспрем.

OhridNews