Водечкиот тим во Бундес лигата, Баерн Минхен со 4-0 го совлада третопласираниот Агузбург на гостински терен.


„Баварците“ во период од 58-та до 71-та минута постигнаа четири погодоци и уште еднаш покажаа „кој е кој“ во најсилната германска лига.

Голгетерската експлозија ја започна дефанзивецот Меди Бенатија, со два погодоци ја продолжи Арјен Робен, а „покерот“ го комплетираше Роберт Левандовски.


Резултати : Аугзбург – Баерн Минхен 0-4, Шалке – Келн 1-2, Вердер Бремен – Хановер 3-3, Фрајбург – Хамбургер 0-0, Херта – Борусија Дортмунд 1-0, Мајнц – Штутгарт.

Табела : Баерн Минхен 39, Волфзбург 29 (-1), Аугзбург 24, Леверкузен 23 (-1)…

Мх.П.