Фудбалерите на Јувентус со убедлив триумф (7-0) над Сасуоло пред своите гледачи во Торино запишаа нови три бодови на табелата во 23-та рунда од италијанската Серија А.

„Бјанконерите“ лесната и убедливата победа ја навија во првиот половина час постигнувајќи три погодоци. Резултатот го отвори Алек Сандро, а два пати погоди Кедира. До крајот на првите 45 минути домаќините со голот на Пјаниќ зголемија на 4-0. Во второто полувреме Јувентус ја продолжи голтерската серија и постигна нови три погодоци преку Гонзало Игуаин за вкупно седум и висока победа.

Резултати: Верона – Рома 0-1, Аталанта – Киево 1-0, Болоња – Фиорентина 1-2, Каљари – Спал 2-0, Јувентус – Сасуоло 7-0, Удинезе – Милан 1-1, Беневенто – Наполи.

Табела: Јувентус 59, Наполи 57 (-1), Лацио 46 (-1), Интер 45, Рома 44…

OhridNews