Кристијано Роналдо постигна неверојатни пет погодоци во убедливата победа 6-0 на Реал Мадрид на гостувањето кај тимот на Еспањол.
Голгетерската експлозија португалскиот репрезентативец ја најави со погодокот во 7-та минута, а до 20-та постигна уште два.
Четвртиот погодок за „кралевите“ беше дело на Карим Бензема, а потоа продолжи Роналдо со нови два погодоци за вкупно пет на мечот со Еспањол.
Со оваа победа „лос бланкос“ избија на чело на табелата во Ла лига, но останатите ривали имаат меч помалку.
Ohridnews