Екипата на Барселона со победата над Алмерија 2-1 стави точка на „црната“ серија од два порази во серија во шпанската Примера.


Но, она што повеќе го загрижува навивачите на Барселона е голгетерската криза на Лионел Меси, која трае веќе три натпревари или 286 минути.

Тој последен погодок во Ла лига постигна во дуелот со Еибар, а од тогаш каталонците се сретнаа со Реал Мадрид, Селта и Алмерија.

Голгетерски пост го зафати Меси само во Шпанија бидејќи во Лигата на шампиони беше творец на победа постигнувајќи ги двата погодоци за триумф над Ајакс 2-1.

Мх.П.