Фудбалерите на Интер се најголема закана за лидерот на табелата во Серија А, Наполи, откако со 2-0 пред своите гледачи ја совладаа незгодната Аталанта.
Творец на десеттата победа на „нероазурите“ во 13-от меч сезонава беше капитенот Мауро Икарди, кој од 51-та до 60-та минута со глава два пати ја погоди мрежата на гостите.
Со трите освоени бодови Интер го симна Јувентус од втората позиција и му диши во врат на „азурите“ кои имаат една победа повеќе од „нероазурите“.
Резултати: Кротоне – Џенова 0-1, Беневенто – Сасуоло 1-2, Спал – Фиорентина 1-1, Сампдорија – Јувентус 3-2, Торино – Киево 1-1, Удинезе – Каљари 0-1, Интер – Аталанта 2-0.
Табела: Наполи 35, Интер 33, Јувентус 3-1, Рома 30, Лацио 28…
OhridNews