Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров победнички ја стартуваше новата сезона со Барселона совладувајќи го составот на Сан Кугат со убедливи 42-16.
Со триумфот над нисколигашот ракометарите на Барселона се пласираа во финалето од каталонскиот Супер куп каде ги чека Грањолјерс.
Најпрецизен во составот беше Лазаров со седум погодоци, а официјално деби во дресот на Барселона имаа Марко Копљар и Камил Сипжак додека Филип Јиха ќе почека за првиот натпревар.
Ohridnews