Реал Мадрид со убедливи 5-0 го совлада тимот на Бетис во првиот натпревар пред своите гледачи во новата сезона. Гол шоу на Сантијаго Бернабеу имаше Џејмс Родригез постигнувајќи два фантастични погодоци.


Колумбиецот прво погоди од слободен удар, а со „макази“ по втор пат се запиша во листата на стрелци. Два погодоци исто така постигна Герет Бејл, а еднаш реализираше Карим Бензема.


Екипата на Барселона потешко од очекувањата со минимални 1-0 славеше на Ноу Камп против Малага. Човек на одлука беше Томас Вермален кој победничкиот погодок го постигна во 72-та минута од натпреварот.

Ohridnews