Голманот на нисколигашот Вондерот, Марко Квитек бил приведен од германската полиција, откако неговиот тим изгубил 43-0 од ривалот ПСВ Оберхаузен на домашен терен.


Квитек по приведувањето бил испитуван и се уште се наоѓал во полициска станица не одговорајќи на телефонските повици.

Екипата на ПСВ Оберхаузен во првиот дел постигнала 35 погодоци, а во вториот заради баланс извадила три играчи, но и со таков играчки ростер постигнала уште 8 погодоци за вкупно 43 на крајот.

И покрај се од клубот се надеваат дека несреќниот голман Квитек ќе биде пуштен на слобода и ќе застане меѓу стативите на следниот натпревар.

OhridNews