Репрезентативецот на Словенија и чувар на мрежата на Атлетико Мадрид, Јан Облак ќе биде ѕвезда во зимскиот преоден рок, ако пишувањата на шпанските медиуми се покажат точни.
24-годишниот голман се најде на радарот од францускиот гигант Пари Сент Жермен кој веројатно нема да бира средства и нема да штеди финансии за купување на талентираниот Словенец.
„Светците“ во првата понуда која ќе ја испратат до „јорганџиите“ ќе вклучат двајца удбалери голманот Кевин Трап и фудбалерот од средниот Хавиер Пасторе и верувале или не, 100 милиони евра.
Облак при потпишувањето на новиот договор со Атлетико Мадрид се обврза на верност до 2021 година, но со откупна клаузула 100 милиони евра. Што значи дека секој клуб кој ќе понуди 100 милиони евра може да преговара со фудбалерот за негов ангажман.
Покрај Трап лидерот во француската Прва лига на голманската позиција го има располагање Алфонс Ареоле, но и двајцата не ги задоволуваат високите критериуми.
OhridNews