Моменталниот чувар на мрежата на Вест Хем, Адријан со мастрален погодок ги засени големите фудбалски легенди на „чеканите“ кои беа дел од прошталниот натпревар за капитенот Марк Нобл.


На мечот за капитенот Нобл настапија Дејвид Џејмс, Скот Паркер, Теди Шерингам, Тревор Синклер, Дин Ештон, Крег Белами, Паоло ди Канио, Џејми Реднап, Карлтон Кол, Рио Фердинанд, Мајкл Керик и други.


Нобл повеќе од 15 години е дел од клубот кој се наоѓа на источниот дел од Лондон од каде пак се произведуваат репрезентативци на Англија.


Инаку, мечот заврши 6-5 во корист на Вест Хем против „Ол стар“ екипата составена од поранешни фудбалери кои доаѓаат надвор од островот.

OhridNews