Екипата на Беневенто го освои првиот бод во Серија А ремизирајќи (2-2) со Милан на домашен терен на чија клупа дебитираше Џенаро Гатузо во 15-та рунда од италијанскиот шампионат. Најзаслужен за ремито и првиот бод сезонава е голманот Алберто Брињоли кој во последниот напад на мечот постигна ефектек гол со глава.
Претходно, „росонерите“ поведоа со погодокот на Бонавентура и со 1-0 заминаа на одмор. Сите возбудувања се случија во второто полувреме. Домаќините израмнија 1-1 во 50-та минута, а седум минути подоцна Милан ја врати предноста со голот на Калиниќ.
Во 75-та минута гостите останаа со фудбалер помалку после вториот жолт, автоматски црвен картон Андреа Ромањоли. Домаќините напаѓаа, а иницијативата на теренот ја крунисаа во последниот напад кога голманот Брињоли најдобро се снајде во казнетиот простор и ја погоди подалечната статитава од голот на Донарума.
Покрај ремито и освоениот бод дебито на клупата од Милан може да се прогласи за неуспешно за Гатузо кој има полни раце работа за враќање на старата слава на „росонерите“.
OhridNews