На крајот од летниот преоден рок екипите на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид ќе се договорат околу трансферот на Давид де Геа на Сантијаго Бернабеу.


„Црвените ѓаволи“ од обврските ќе го ослободат Де Геа за 40 милиони евра, но „кралевите“ ќе мора да го остапат и Кејлор Навас кој минатата сезона му беше резерва на Икер Касиљас.


Со реализација на овој трансфер конечно ќе стави точка на сапуницата која траеше од почетокот на летниот преоден рок.

Јунајтед покрај шпанскиот чувар на мрежата го продаде и Андерс Линдергард кој ги засили редовите на Вест Бромвич Албион.

Ohridnews