Македонскиот интернационалец Илија Нестороски ја продолжи гол серијата постигнувајќи го шестиот гол сезонава.Тој ја затресе мрежата на Милан во 77 минута за во тој момент изеднанувачки 1-1. Но неговиот погодок по пореден пат се покажа недоволен за бодови на Палермо, “росонерите“ со голот на Лападула во финишот на мечот забележаа победа од 2-1. Претходно Сусо ги доведе гостите во предност.
Јувентус победи како гостин со 2-1 благодарение на мајсторијата на Миралем Пјанич од слободен удар. Манџукич го отвори резултатот, а изедначи Пелисие.
Pjanke-gol_CH-JV_1-2 von mediabh
Резултати: Пескара – Емполи 0-4, Кјево – Јувентус 1-2, Џенова – Удинесе 1-1, Палермо – Милан 1-2, Сасуоло – Аталанта 0-3.