Три погодоци, три црвени картони и многу тензичност го одбележа големото фудбалско дерби меѓу Шахјтор и Динамо Киев кое заврши во корист на домаќините 3-0.
Шахјтор со двата погодоци на Едуардо и едниот на Велингтон Нем лесно го доби најголемиот ривал за титулата кој моментално има четири бодови предност на табелата.
Тензијата на теренот во општа тепачка кулминираше после третиот погодок на домаќините. Епилогот после смирување на страстите беше црвени картони за Степаненко и Кучер од Шахјтор и за Јармоленко од Динамо Киев.
Исклучување заработи и тренерот на Шахјтор, Мирче Луческу кој влезе во теренот за да разговара со главниот судија.
OhridNews