Еден од подобрите фудбалери во руската репрезентација на завршениот Мундијал во Русија, Александар Головин е најново засилување на францускиот состав, Монако.

За трансферот на 22-годишниот фудбалер немаше да се крене толкава фама, ако не се уклучеа англиските премиерлигаш Челси и Арсенал.

„Сините“ и „топчиите“ до последно беа во трка со „кнезовите“, кои, за 27 милиони фунти го ангажираа репрезентативецот на Русија.

Образложение за одбивањето на англиските гиганти Головин даде за голема конкуренција и можност да игра стандардно во клубот кој се натпреварува во француската Прва лига.

OhridNews