Голгетерот на „нероазурите“, Мауро Икарди многу веројатно ќе пропушти уште едно големо натпреварување, откако селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли одлучил да го изостави фудбалерот на Интер од составот четири месеци пред Светското првенство во Русија.

Одлуката за аргентинските медиуми е изненадувачка, но логична, бидејќи Икарди не е во добри односи со поголем дел од фудбалерите кои го носат дресот на „гаучосите“.

Вниманието кон себе Икарди покрај со добрите престави во Интер го привлече поради скандалот со неговата сегашна сопруга Ванда Нара. Познатата старлета додека беше во брак со Макси Лопез тајно гледаше со Икарди. Еден од главните виновници за трансферот во Серија А на Икарди беше токму Макси Лопез кој му помогна на фудбалерот да се привикни на италијанскиот фудбал и живот додека играа заедно во Сампдорија.

Напаѓачот има само четири настапи во дресот на Аргентина, а по се изгледа на толку ќе остане поради фактот дека Сампаоли го пречкрта за Мундијалот и престојните контролни средби на „гаучосите“.

Аргентина во фазата по групи на Мундијалот во Русија силите ќе ги одмери со Хрватска, Исланд и Нигерија.

OhridNews