Хрватската ракометна репрезентација остана без селекторот откако Славко Голужа поднесе оставка.
„Каубоите“ разочараа на Светското првенство во Катар завршувајќи на шестата позиција, што беше доволен показател за заминување на Голужа.
– После пет години проведени на клупата од ракометната селекција одлучив да поднесам оставка. Мојата одлука за заминување е плод на темелна анализа и разговор со челниците на федерацијата – рече Голужа.
Хрватската јавност го распна сега веќе екс селекторот и го обвини за дебаклот на „коцкастите“ на Мундијалот.
Со многу имиња се шпекулира за нареден селектор на „коцкастите“ меѓу нив е македонскиот селектор Ивица Обрван, тренерот на Металург, Лино Червар и поранешниот стратег на Вардар, Веселин Вујовиќ.
Ohridnews