Фудбалерот на Свонси, Бафетимби Гомис колабираше на теренот на дуелот со Тотенхем во Премиер лигата.
Францускиот интернационалец падна како покосен на теренот, а не беше опкружен со ниту противнички фудбалер.
Лекарскиот тим на двете екипи дотрчаа веднаш до Гомис кои за неколку минути го вратија во нормала, а Французинот зборувајќи на носилки ја напушти играта.
Ова не е прв пат да колабира Гомис, тој до сега има три пати изгубено свест и продолжува да игра без никакви забрани.
Ohridnews